Најголемите лузери во Бундеслигата го молат Шалке: Немојте да ни го срушите рекордот
Поранешниот германски шампион во новата сезона сè уште нема победа поради што екипата на Тасманија Берлин им посака среќа во наредните два натпревари само за да не го соборат нивниот рекорд.е
Шалке последната победа ја оствари дури на 17. јануари и тоа против Борусија Менхенгладбах, а оттогаш има дури 29. натпревари во Бундеслигата без победа.
Во случај да не триумфира на наредните два натпревари, Шалке ќе го израмни неславниот рекорд кој од 1966 година го постави Тасманија Берлин која не триумфира на 31. натпревар по ред.
Во Тасманија не им се допаѓа тоа што Шалке е на добар пат да им го израмни рекордот бидејќи сакаат тој да остане во нивна сопственост и поради тоа му посакаа среќа на поранешниот германски шампион.
– Тој податок долго време е дел од нашата историја и идентитет. Рекордот многу ни значи. Кога ќе седнеме да зборуваме со спонзорите не мораме многу да им објаснуваме која е Тасманија. Благодарение на тоа, добро ни оди и продажбата на нашите реквизити, примаме порачки од целиот свет – изјави извршниот директор на Тасманија, Алмир Нуриќ.
Шалке настапите во Бундеслигата ќе ги продолжи на 2. јануари со натпреварот против Херта, а на 9. јануари го пречекува Хофенхајм. Последен пат кога Шалке испадна од Бундеслигата беше во 1988 година.