Најголемите хитови на Френк Синатра: Вонвременскиот пејач кој не знаел да чита музика!

Instagram

Френк Синатра по многу работи бил пред своето време. Во неговиот живот ги освоил сите најпрестижни музички награди и филмски признанија, продал преку 150 милиони албуми ширум светот, успешно се занимавал со политика, се дружел со најпознатите луѓе во светот, а бил и доста впечатлив – со многу светли сини очи и секогаш во одело, тој постојано ги освојувал срцата на најубавите филмски диви.

Што се однесува до неговата кариера, изгледа дека немал никакво промашување. Добивајќи Оскар, 3 Златни глобуси, почесни награди, 11 Греми и 30 номинации за истата, тој важи за еден од најпрепознатливите и најуспешните лица во историјата на музиката.

Тоа што е интересно е дека покрај целиот тој успех, Синатра никогаш не научил да чита музика, но непрестанато се трудел да ги подобри своите способности. Како перфекционист, секогаш инсистирал со бендот да пее во живо.

Тајм го ставил на листата за 100 највлијателни луѓе на 20 век, додека поедини музички критичари го нарекуваат најдобар пејач на 20 век.

Френк Синатра починал на денешен ден во 1998 година во Лос Анџелес, па еве потсетување на некои од неговите најголеми музички хитови:

Fly Me To The Moon

New York, New York

I’ve Got You Under My Skin

Come Fly With Me

Strangers In The Night

I Love You Baby

My Way

That’s Life

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот