Најголемите европски музеи неделно губат по 600.000 евра

Загубите на музеите во туристичките региони изминатите месеци пораснале и до 80 отсто, вели претседателот на Мрежата европски музејски организации Давид Вијом.

Поради рестрикциите воведени поради сузбување на корона вирусот најголемите музеи во Европа на неделно ниво трпат загува од околу 600 илјади евра.

На ова предупреди претседателот на Мрежата европски музејски организации Давид Вијом.

Тој на онлајн конференција посветена на работењето на музеите во услови на криза во организација на агенцијата Тас изјави дека загубите на музеите во туристичките региони изминатите месеци пораснале и до 80 отсто.

Тој истакнува дека музеите во главните градови на европските држави бележат намалување на приходите поголеми дури и од оние на музеите во внатрешноста.

Видео на денот