Најголемите диктатори, освојувале земји во кои самите биле странци (2 дел)

Профимедиа

Националните тензии им помагаат на автократите да изградат имиџ на народен водач. Многу од нив успеале да ја освојат апсолутната власт, иако потекнуваат од друг народ.

Најпознатите диктатори во светот, освојувале власт во земји во кои биле потполни странци

Јосиф Сталин

Роден е во 1878 година како Јосиф Висарионовиќ Џугашвил. Тогаш последниот дел од неговаата татковина Грузија се приклучил на Руското царство. Јосиф потекнувал од сиромашно семејство. Како млад зборувал грузиски, а револуционерниот марксизам го прифатил за време на школувањето во црковното училиште. Рускиот јазик почнал да го учи во тинејџерските години од синовите на локалниот свештеник. Не го загубил карактеристичниот акцен , исто како и Наполеон.  Како и повеќето млади Грузијци, се пожалил затоа што во училиштето се зборувало руски. Бил фасциниран од грузијската литература, особено за приказните за големиот кавкаски разбојник Коби кој се борел против Русите. Нековиот другар сведочел дека Сталин го импресионирала борбата за слобода на грузијскиот народ.

Подоцна, престанал да ја поддржува грузијската независност од Русија. Сакал да формира грузијска марксистичка партија, а за да успее во тоа морал да ги задржи односите со руските болшевици.
Тогаш целосно се свртил кон Русија. Во 1912 година , и сам си го дава името Сталин – што на руски е синоним за челик. Напишал есеј во кој тврди дека Грузијците не се нација и предложил приклучување на Грузија во „тековите на повисока култура”.

Во 1921 година, Сталин покренал инвазија на Грузија. Својата татковина ја препуштил на болшевиците и така завршил краткиот период на грузијската независност. Две години подоцна во крв го задушил антируското востание.

За време на сталиновото „чистење“, Грузија пропатила најмногу од било која друга Советска република. Илјадници службени лица биле убиени, вклучуваќи и 425 од 644 делегати кои учествувале на Десеттиот партиски конгрес во 1937 година

Соработниците на Сталин се нашле меѓу милионите луѓе кои диктаторот ги протерал во зафрлените делови на Советскиот сојуз. За време на Втората светска војна 100.000 Мешкети ги депортирал од Грузија во Централна Азија. За време на патувањето умреле илјадници луѓе, пишува „Хистори“.
Во деновите кога чуствувал национална гордост, најпознатиот Грузиец ја подржувал руската култура и влијание. Велел дека Русија е „најреволуционерна замја во СССР со изразен социјалистички идентитет ”. За време на неговиот мандат наредил учење на руски јазик во сите училишта низ СССР. Русите ги добивале најважните места во државата, а себеси се споредувал со царевите Иван Грозни и Петар Велики.

И покрај неговите злодела извршени врз сопствениот народ, дури 45 проценти од Грузијците имаат позитивен став кон Јосиф Сталин.

Катарина Велика

Софија вон Анхалт – Зербст била ќерка на германски принц. Пораснала во Полска , во место кое и денеска ѝ припаѓа на Полска. Во 1741 година, по државниот удар, нејзината далечна роднина Јелисавета ја презела власта во Русија. Мајката на Софија брзо влегла во контакт со новата царица Јелисавета и ја донела четрнаесетогодишната Софија во Русија за да ја подготи  да биде невеста на својот внук, наследникот на престолот Петар III Фјодоровиќ.

Profimedia

Софија не губела време и многу брзо го научила рускиот јазик. Ја прифатила руската култура, а потоа и православната вера. Кога тешко се разболела, наместо лутерански пастор , сакала да се исповеда кај православен свештеник.

Во 1744 година и покрај противењето на нејзиниот татко, таа го напуштила лутеранизмот и го презела православието. На крштевањето го добила името Катарина (Екатерина на руски јазик) по покојната мајка на Јелисавета. Потоа се венчала со Петар, а нивниот брак бил полн со проблеми.

Кога Петар III Фјодоровиќ стапил на престолот, од државната управа ги елиминирал црковните водачи, војните службеници и арискократијата. Катарина се плашела од развод и таа смислила дворски заговор. Петар е соборен од власта, а потоа и убиен. На престолот доаѓа Катарина , а нејзиното владеење со Русија траело повеќе од 30 години. Ќе остане запаметена како императорка која ги проширила границите на Русија на штета на Полска и Османското царство.

Катарина не била единствената руска царица која се родила надвор од оваа земја. Нејзиниот сопруг Петар пораснал во сегашна Германија, како и англиските кралеви Џорџ и Џорџ II. Кралот Вилим III Орански детството го поминал во Холандија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот