Најголемиот трагичар на нашето време: Тој сè уште се надева дека ќе ги најде своите случајно фрлени биткоини

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Џејмс Хауелс, британски ИТ експерт, случајно го фрлил својот хард диск во кој имало лозинка за пристап и трошење на неговите 7.500 биткоини, кои сега вредат стотици милиони.

Хард дискот завршил на депонијата во Њупорт, која е со големина на фудбалско игралиште, а Хауелс станал популарен во медиумите бидејќи со години се обидувал да го пронајде своето богатство. Дури и денес, кога биткоинот ја губи само малку вредноста, тој не губи надеж.

Денес, овој триесет и петгодишник би можел да биде побогат од англиската кралица. Како што еднаш објасни, имал два идентични хард дискови за лаптопи, но еден од нив го содржел „приватниот клуч“ потребен за пристап и трошење на неговите биткоини.

Иако мисли дека неговиот диск е веќе оштетен и рѓосан, тој се надева дека ќе го најде.

„Постојат добри шанси плочата внатре во дискот да е сè уште недопрена“, рече тој. „Специјалистите за обновување податоци потоа би можеле повторно да го создадат дискот или да ги читаат податоците директно од таблата“.

Хауелс тврди дека дискот содржел 7.500 биткоини, кои денес вредат повеќе од 280 милиони долари.

За да го преземе хар дискот, потребна му е дозвола од локалниот совет да ја пребара депонијата. Но, никогаш не му ја дале. Тој исто така понуди да донира 25 отсто од своите пари во Градскиот фонд, кој се бори против Ковид. Тој вети и дека ќе го финансира целиот проект за ископување.

Има многу трагични приказни за луѓе кои забораваат лозинки или губат компјутери. Други жалат што ги продале своите монети прерано. Системот е тешко да се хакира, цензурира или демонтира. Затоа Ховелс не може на друг начин да пристапи до неговите монети.

А се започнало во 2010 година кога случајно истурил лимонада на својот лаптоп, па го расклопил на парчиња. Фрлил некои делови, продал некои, а хард дискот го ставил во фиока до тој кобен летен ден кога ги фрли старите работи.

Се проценува дека 140 милијарди долари се заклучени во биткоини ширум светот (од кои 18,5 милиони), бидејќи нивните сопственици ја заборавиле лозинката.

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Биткоинот брзо ја губи вредноста, достигнувајќи ниво од 30.000 долари

Биткоинот денеска падна за околу 7,0 отсто, паѓајќи на најниското ниво од јули 2021 година, бидејќи инвеститорите почнаа масовно да ги продаваат ризичните средства поради, како што пренесува Ројтерс, стравувањата од можен руски напад врз Украина.

Најголемата криптовалута во светот, според најновите достапни податоци, се тргува со пад од 6,8 отсто на 33.820 долари.

Во споредба со ноември минатата година, кога го достигна највисокото ниво на сите времиња од 69.000 долари, биткоинот изгуби вкупно повеќе од 50 отсто од својата вредност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот