Најголемиот шумски пожар во последниве 50 години во Финска

Твитер

Финска е погодена од најголемиот шумски пожар во последниве 50 години, зафаќајќи за пет дена повеќе од 300 хектари зеленило. 

Пожарот кој избувнал на 25 километри јужно од Калајоки денеска беше ослабнат поради дождот кој заврна на тоа подрачје, но за да биде во целост изгаснат ќе бидат потребни уште неколку недели, соопштија властите. 

Пожарите ги гаснат околу 250 луѓе, меѓу кои и војници и четири хеликоптери, а евакуација не беше потребна, бидејќи станува збор за суви шуми кои во близина не се населени. 

Причината за пожарот не е позната, но властите сметаат дека поради високите температури со кои се соочува Финска во последниве недели, не е зачудувачки во вакви суви шуми да избувне пожар. 

Видео на денот