Најголемиот сендвич на светот: Две парчиња леб и 12,724 километри планета Земја меѓу нив

Фото: Принтскрин/Гардијан

Двајца студенти од Нов Зеланд и Шпанија ја пресметале географската должина и ширина за перфектно да ги наместат парчињата леб.

Студент на Универзитетот во Оукланд успеа да направи сендвич чиј фил е планетата Земја. Необичната идеја, по долга потрага по партнер, ја реализираше со непознат човек од Шпанија, пишува „Гардијан“.

Етиен Науд (19) постави парче бел леб на плажата Баклендс во Окланд, притоа мерејќи ја точната географска ширина и должина, за неговиот партнер од Шпанија да постави исто такво парче леб на комплетно спротивната страна на земјената топка.

Двајцата мажи – кои за да ја реализираат идејата се запознале на платформата Редит – меѓу својот необичен сендвич имале 12,724 километри планета Земја.

– Неверјатно е што успеавме да направиме вакво нешто, на комплетно спротивни точки на планетата – рече Науд за медиумите во Нов Зеланд.

Додаде дека за да го спроведат својот некарактеристичен план ги искористиле популарните мапи на Гугл, а потоа искористиле и конкретни фотографии за уште поточно да ги постават парчињата леб.

Науд рече дека идејата за ваков сендвич била негова цел подолг период, но имал проблем да најде човек на другата страна од планетата што ќе прифати да направи вакво нешто.

– Беше навистина тешко да се реализира идејата поради тоа што временската разлика е 12 часа. И има многу работи кои треба да се организираат, како типот на лебот, времето и точната локација.

Науд патувал стотина метри за да го постави парчето леб на посакуваната локација, додека неговиот „соработник“ во Шпанија отпатувал дури 11 километри за да ја погоди конкретната локација.

„Беше навистина тешко да погодиме, но успеавме“, констатира Науд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот