Најголемиот приватен авиопревозник прекина со работа, отказ за 20.000 луѓе?

Фото: Профимедиа

„Џет ервејз“, најголемиот приватен авиопревозник во Индија ги откажал сите свои летови, откако не успеале да постигнат договор со банките за привремено финансирање.

Инвеститорите веднаш ги „казниле“ акциите на „Џет ервејз“ на почетокот од тргувањето, предизвикувајќи нивен пад од 34 отсто, што е најголем дневен пад на акциите на оваа компанија, пренесуваат светските медиуми.

Актуелната вредност на компанијата е 260 милиони долари, во однос на 1,6 милијарди долари, со колку што располагаше таа кога беше најмоќна во 2005 година. Оваа авионска компанија се месеци се бореше за да опстане на пазарот.

„Ова беше многу тешка одлука, но без привремено финансирање, авиокомпанијата едноставно не е во можност да превезува патници“, стои во соопштението на „Џет ервејз“.

Колапсот на оваа авиокомпанија значи огромен удар за авиоиндустријата во Индија која се бори да ја задоволи се поголемата побарувачка и притоа да ги задржи цените ниски.

Иако компанијата соопшти дека станува збор за привремено прекинување со летови, многумина сметаат дека недостатокот од финасии ќе доведе 20.000 работни места во опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот