Најголемиот македонски вински фестивал „Skopje Wine Expo“ започнува на 26 септември

По 14-ти пат, традиционално во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал.

На „Skopje Wine Expo“ посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, деликатеси и богата музичка програма.

Од 26 до 28 септември на платото пред МОБ ( Плоштад „Мајка Тереза“) настапуваат: Ефто Пупиноски и Блага Петреска, Тропико Бенд, Слаткаристика, Ареа, Тоше Проески Трибјут ( Александра Јанева и Марко Логаут), Ареа, Нокаут, Криско и Графа од Бугарија, Либеро Бенд и многу други.

На фестивалот ќе има дегустација на сортни вина, голем избор на гурмански специјалитети, вински коктели како сангрија и вино мохито и after work забави кои ќе започнуваат од 18.00.

„Skopje Wine Expo“ е под покровителство на град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот