Најголемиот ЛЕГАЛЕН БОРДЕЛ каде што работат и деца! Бебето во шифоњер или под кревет додека мајката работи (ВИДЕО)

Youtube

Во градот Даулатдиа, на бреговите на реката Падма, скоро сите жени и девојки се проститутки. Повеќето се таму затоа што биле препродадени. Се проценува дека во градот има меѓу 1.300 и 2.000 сексуални работници, а градот го „услужуваат“ околу 3.000 мажи на ден, пишува Арте.тв.

Легалноста го продава сексот

Бангладеш е една од ретките муслимански земји во која купувањето и продажбата на сексуалните услуги и работници е легална, под услов борделите да имаат соодветна лиценца.

Луѓето стануваат сексуални работници преку легален процес што го надгледува владата, полицијата, па дури и верските институции. Иако сексот пред брак е со закон забранет во Бангладеш, проституцијата не е.

Жените можат да дојдат до дозвола ако наполниле 18 години и со изјава дека во работата влегуваат доброволно. Откако еднаш ќе бидат регистрирани, завршуваат во комплексот бордели, а целата работа ја следи локалната полиција, позната по својата корумпираност, пишува Експрес.

На малолетниците им е забрането да се проституираат, иако илјадници девојчиња помлади од 18 години се во бизнисот. Некои се помлади и од 10 години, а шокантното видео на BBC открило и деца на возраст од само седум години.

Просечната возраст на проститутките е 14 години. Ако се присилени да работат, нивниот „макро“ ќе ја потплати локалната полиција, а при тоа се почитува едно едноставно правило – колку што е девојката помлада, толку митото е поголемо.

Бебето во шифоњер или под кревет додека мајката работи

Бидејќи жените работат и живеат во ист простор, мајките бебињата и децата често ги кријат под креветите или во шифоњерите додека мајка им работи.

Сексот таму е сè само не сигурен, па сексуалните болести и несаканата бременост таму се секојдневие.

Секако, сексот без заштита повеќе се наплаќа, па не чуди што водечка причина за смртта кај жените во тој град е крварење при неадекватно изведен абортус.

Дури и кога некоја жена ќе забремени, честопати е присилувана да продолжи да работи, бидејќи некои клиенти за тоа се подготвени да платат повеќе.

Image result for inside one of the world's largest licensed brothels

Ја продале во борделот

Мојна не сакала да оди во Даулатдиа, таму завршила откако нејзиниот сопруг ја продал во борделот.

Имала 13 години и никој не се потрудил да и објасни што значи бордел.

„Кога првпат почнав да работам, сакав да гризам, да викам, да го повредам секој маж кој влезе во мојата соба како да сум куче. Ги преколнував да ме остават на мир, ама не сакаа“, се присетува Мојна.

По неколку недели сфатила дека отпорот е залуден и се помирила со судбината.

Кога имала 12 години, една година по венчавката и седум месеци откако го добила својот прв месечен циклус, почнала да повраќа. Кога ја однеле во болница докторите сфатиле дека е бремена, но и дека нема да може да се породи на природен начин и извеле царски рез. Нејзината ќерка Каја сè уште живее со семејството на нејзиниот маж, тој што ја продал во проституција.

За жените и девојките во Даулатдиа нема враќање на старо. Во очите на општеството тие се означени со проклетството на срамотата и таму мора да останат до крајот на животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот