Најголемиот холивудски заводник го скротила само една жена, нејзината смрт никогаш не ја преболел

facebook

И покрај бројните врски и петте брака, Кларк Гејбл сакал да биде погребан покрај третата негова сопруга, која била единствена која го смирила и која ја сакал до крајот на животот.

Најголемиот заводник на Холивуд глумецот Кларк Гејбл, сон на бројни славни жени, сосема се смирил со бракот со глумицата Керол Ломбард.

Бракот со Ломбард бил воедно и најсреќниот период од животот на Кларк.

profimedia

Се запознале на сет додека Ломбард била во брак со глумецот Вилијам Пауел и веднаш станале нераздвојни. Таа му давала стабилност која му недостигала. Но и Кларк во тој период бил во брак со Мериом Ленгам, а неговата плата од „Однесено со виорот“ му овозможила да се погоди со Мериом околу разводот, во 1939.

Гејбл и Ломбард, која исто така бргу се развела, се венчале и купиле ранч во Аризона, биле опкружени со бројни животни, мачки, кучиња, коњи, кокошки…

Но во 1942 година, по завршувањето на филмот „Да се биде или не“, Ломбард била често на турнеји. Авионот со кој се возела удрил во планина во близина на Лас Вегас и сите 22 патници загинале. Истрагата за несреќата потврдила дека станува збор за грешка на пилотот. Гејбл останал на ранчот, бил трајно емоционално и физички уништен. По трагедијата загубил 30 килограми.

Никогаш не ја преболел.

Снимил уште 27 филмови и се венчал уште два пати. „Но никогаш не беше ист“, рекла Естер Вилијамс.

По смртта на Керол, Гејбл се придружил на американската војска а во подноцнежните години ја завршил обуката за управување во воен авион. Добил и чин, капетан.

Во 1944 година, Гејбл се надевал на воена задача, но бил разрешен од активната служба зашто имал премногу години за борба. Добил бројни одликувања.

Откако бил отпуштен од службата, се вратил на ранчот и одморал. Кога неговата стара љубов Џоан Крафорд се развела по трет пат, ја продолжиле врската и кратко време живееле заедно. Подоцна се оженил со Силвија Ешли, но се развеле после три години. По разводот влетал во врска со глумицата Џин Тирни и бил разочаран кога таа била земента во филмот Магамбо, поради нејзините психички проблеми, со Грејс Кели. Иако Грејс по годините можела да му биде ќерка и со неа почнал страствена врска на снимањето и бргу ја заборавил Џин.

Најголема страст му биле автомобилите, профимедиа

Во 1955, Гејбл се оженил по петти пат, со богатата наследничка и манекенка Кеј Спрекерс со која живеел бесен живот, а токму таквиот живот довел до неговата прерана смрт. Таа била веќе трипати во брак, а богатството го добила од третиот сопруг, производител на рафиниран шеќер.

Гејбл имал ќерка Џуди со глумицата Лорета Јанг со која имал кратка врска. Но 19 месеци по раѓањето на Џуди, Лорета ја дала ќерката на посвојување. Девојката израснала со името Џуди Луис, а кога имала 4 години Гејбл го посетил нејзиниот дом. Ја посетил уште еднаш, кога имала 15 години, но не ѝ кажал дека е нејзин биолошки татко.

Од сопругата Кеј пак, имал син кој се родил по ноговата смрт и кој го носи неговото име. Пет години по смртта на Гејбл, Лорета Јанг потврдила дека таа и Кларк Гејбл се биолошки родители на Џуди.

Кларк Гејбл починал во холивудската болница во 1960. од корнарна тромбоза, десет години откако претрпел тежок срцев удар. Погребан е во Калифорнија покрај никогаш прежалената Керол Ломбард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот