Најголемиот боксерски спектакл е закажан за 14 август: Едвај чекам да го уништам Џошуа

epa08239683 Tyson Fury of Britain (L) in action against Deontay Wilder of the USA (R) during the WBC World Heavyweight Championship title fight at the Garden Arena in Las Vegas, Nevada, USA, 22 February 2020. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Британскиот боксер Тајсон Фјури објави дека неговиот меч со сонародникот Ентони Џошуа ќе се одржи на 14 август во Саудиска Арабија.
Се очекува ова да биде еден од најголемите бокс мечеви во последните 20-тина години бидејќи победникот ќе стане апсолутен шампион. Џошуа моментно е шампион во ВБА, ВБО и ИБФ верзиите, додека шампионскиот појас во ВБЦ верзијата е во сопственост на Фјури.
– Сите очи ќе бидат вперени во Саудиска Арабија. Не можам да дочекам да го уништам Ентони Џошуа. Ова ќе биде најголем спортски настан во историјата. Немојте да го пропуштите – изјави Фјури во видео кое го објави на својот Твитер профил.

Плановите и преговорите за боксерскиот спектакл се прават уште од февруари минатата година кога Фјури го нокаутира Деонтеј Вајлдер во мечот за шампионскиот појас во ВБЦ верзијата, додека Џошуа го совлада Енди Руиз јуниор. Засега промотерите на двајцата боксери, Боб Арум и Еди Херн се уште не ја потврдија борбата, но англиските медиуми тврдат дека се е договорено и во најскоро време ќе има и официјална потврда за мечот/

Последен апсолутен шампион во тешка категорија беше Британецот Ленокс Луис и тоа во време од 1999 до 2000 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот