Најголеми протести од падот на комунизмот во 1989 година: Половина милион Појлаци на улиците

Протест во Варшава. Фото: ЕПА

Половина милион Полјаци излегоа денеска на улиците на Варшава на протест против популистичката националистичка влада, неколку месеци пред есенските парламентарни избори, објавија организаторите. Се чини дека собирот е најголемиот во оваа земја од падот на комунизмот во 1989 година, јави француската новинска агенција АФП, а британската агенција Ројтерс процени дека поворката во Варшава е долга најмалку 1,5 километар.

Доаѓајќи од цела Полска, демонстрантите, облечени во полските бои бела и црвена како и во боите на Европската унија, одговорија на повикот на лидерот на главната центристичка опозициска партија Граѓанска платформа, поранешниот лидер на Европскиот совет и поранешен премиер Доналд Туск, да протестираат против „високата цена на живеење, мамење и лажење, во корист на демократијата, слободните избори и ЕУ“.

Некои држеа маски на лидерот на владејачката партија Јарослав Качински на кои беше испишан зборот „срам“. Лидерите на повеќето опозициски партии ги охрабрија своите поддржувачи да се приклучат на големиот марш против популистичката националистичка владејачка партија Правда и правда (ПиС), нејзиниот лидер Качински и неговите сојузници.

Учествуваше и Лех Валенса

„Доста!“, „Не сакаме авторитарна Полска“, „Европа, се извинуваме за ПиС“ и „ПиС во писоарот“ стои на плакатите насочени против мнозинството кое е на власт во Полска речиси осум години, со претстојните парламентарни избори закажани за наесен.

Со бели и црвени срца залепени на градите, претставниците на платформата го водеа маршот придружуван од легендарниот водач на првиот слободен синдикат во комунистичкиот свет во 1980-тите, Лех Валенса, добитник на Нобеловата награда за мир во 1983 година.

Во кусиот говор Туск истакна дека мисијата на опозицијата е „споредлива по важност“ со онаа од 1980-тите и борбата против комунизмот во тоа време.

Тука сме денес за цела Полска, цела Европа, целиот свет да види колку сме силни, колку сме подготвени да се бориме за слобода и демократија, како пред 30 и 40 години рече Туск.

Бидејќи долго отсуствуваше од политичката сцена Валенса рече дека „трпеливо“ го чекал денот кога националистичката партија и нејзиниот лидер Качински ќе треба да си заминат.

Господине Качински, дојдовме по вас. Дојде тој ден рече Валенса.

Анкетите предвидуваат „тесни“ избори

Датумот на протестот, кој опозицијата го гледа како пресуден момент во нејзиниот марш до евентуална изборна победа, е 34-годишнината од првите делумно слободни избори во Полска, кои го забрзаа падот на комунизмот во Европа. Протести беа организирани и во други полски градови.

– Тука сум затоа што слободата е важна, затоа што секој треба да се чувствува безбедно, ова е протест на слободните луѓе, верувам дека промените веќе се случуваат изјави за Ројтерс во Варшава Ева Јоакимович, демонстрант од Челм во источна Полска.

И покрај масовните критики за ПиС дома и во странство, кој беше обвинет за поткопување на владеењето на правото, претворање на државните медиуми во владини гласноговорници и за поддршка на хомофобијата, анкетите покажуваат дека изборите по летото ќе бидат неизвесни.

Војната на Русија во соседна Украина ја зајакна владата на Законот и правдата (ПиС), која се појави како водечки глас против Кремљ во Европа. Владата на премиерот Матеуш Моравјецки негира дека ги поткопува сите демократски норми и вели дека има за цел да ги заштити традиционалните христијански вредности од либералните притисоци од Западот и да ја направи економијата поправедна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот