Најголемата заплена на дрога во историјата на Парагвај: Повеќе од 3,4 тони кокаин пронајдени во складиште за шеќер

Фото: Принтскрин

Парагвајската полиција денеска заплени повеќе од 3,4 тони кокаин во близина на главниот град Асунсион, а дрогата била скриена во складиште за шеќер.

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Парагвај, додаде полицијата.

Директорот на полицијата, Луис Аријас за новинарите изјави дека кокаинот е пронајден во преградието Фернандо де ла Мора, а шверцерите се подготвувале да го истоварат со пратка на шеќер, пренесе Ројтерс.

„Зборуваме за повеќе од 3.400 килограми кокаин. Ова е заедничка акција на единицата за наркотици и обвинителство, која траеше речиси еден месец“, изјави Аријас, додавајќи дека не се знае каде требало да се испрати кокаинот.

Претходно, најголемата заплена на кокаин во Парагвај се случи во октомври 2020 година, кога полицијата откри 2.900 килограми дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот