Најголемата закана за Ѓоковиќ денеска загуби само четири гема на „УС Опен“

Зверев продолжува успешно на грен слем турнирот во Њујорк/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Четвртиот тенисер во светот, Александар Зверев, премногу лесно се пласираше во третото коло на „УС Опен“, откако го елиминираше 48-от играч на планетата, Алберт Рамос, со 6:1, 6:0, 6:3.

После торнадото и силните дождови во Њујорк, продолжија возбудувањата на последниот грен слем турнир годинава.

Дефинитивно, Зверев е во голем налет и тоа го покажа на Олимписките игри, но и на Мастерсот по Токио. Му требаа нешто повеќе од 75 минути за да победи против Шпанецот, а Рамос немаше шанси да оди понатаму.

„Златниот“ од Токио дури и се опушти во третиот сет, но и тогаш немаше проблем лесно да го доведе мечот до крај.

Се чини дека најголема закана за Новак Ѓоковиќ во овој момент е Зверев, кој досега не беше ни блиску до губење на сетот, а негов следен противник е победникот од дуелот помеѓу Џек Сок и Александар Бублик.

Кај мажите триумф забележа и Американецот Опелка против Мусети од Италија со 3:0.

Во женска конкуренција Квитова од Чешка со 7:6 (4) и 6:2 ја елиминираше нејзината сонародничка Плишкова.

Успешни беа уште Минен, Радукану, Сорибес Тормо, Сакари, Пављученкова, Контавејт, Швјонтек, Бенчиќ, Грачева, а Барти славеше над Тосон од Данска со 6:1 и 7:5.

Видео на денот