Најголемата хала на Белградскиот саем е претворена во болница со 3.000 кревети

Сите полесни случаи на заразени пациенти, ќе бидат сместени во карантин, за што се подготвуваат околу 3.000 кревети на Белградскиот саем и повеќе илјади кревети во други места во Србија.

Согласно вчерашната најава на српскиот претседател Александар Вучиќ за агресивен пристап во борбата со коронавирусот, најголемата хала на Белградскиот саем денес е претворена во болница со 3.000 легла.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на Белградскиот саем се наоѓаат над 10 воени камиони од кои се истоваруваат кревети. Вучиќ најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, кое ќе започне најдоцна до четврток.

Сите полесни случаи на заразени пациенти, ќе бидат сместени во карантин, за што се подготвуваат околу 3.000 кревети на Белградскиот саем и повеќе илјади кревети во други места во Србија. Целта е, како што кажа Вучиќ, сите полесни пациенти да се изолираат и да имаат брзо лечење.

Епидемиологот Предраг Кон за РТС денес изјави дека сите што биле во контакт треба да ги поминат тестовите, како и оние кои биле во самоизолација.

Ова ќе овозможи забрзано сузбивање на епидемијата во споредба со претходната варијанта каде биле тестирани тешки респираторни пациенти, кажа Кон.

Тој оцени дека масовното тестирање во наредните денови не е најважно, но ориентацијата е кога имаме вонредни мерки и намалени контакти, да преминеме од опцијата на израмнување на кривата и проширување на епидемијата до опцијата за агресивно борење со епидемијата.

-Тоа е суштината на сè, изјави Кон додавајќи дека еден дел од ова е да се детектираат сите носители на вирусот и да се стават во посебни специјални болници за пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот