Најголема квартална загуба во историјата на „Боинг”

Боинг / Фото Архива

Американскиот производител на авиони „Боинг” соопшти денеска дека неговата добивка во вториот квартал ќе биде намалена за 4,9 милијарди долари.

Загубата се случува по еднократниот трошок, кој компанијата го претрпела поради приземјувањето на својот авион „737 Макс” низ светот по двете катастрофални несреќи.

Тоа воедно ќе биде и најголема квартална загуба во историјата на „Боинг” откако компанијата во следниот период ќе ги објави своите финансиски резултати.

Имено, вкупните трошоци на Боинг поради намалениот обем на продажба, падот на производството и исплатата на отштетите на семејствата на жртвите во двете катастрофални авионски несреќи, ќе изнесуваат 6,6 милијарди долари, а во таа сума не спаѓаат финансиските средства што компанијата ќе мора да ги издвои за тужби, кои, како што се очекува, ќе ги поднесат членовите на семејствата на жртвите.

„Боинг” соопшти дека „737 Макс” би можел да се врати во употреба на есен. Тој тип на авиони е приземјен откако еден се урна во Индионезија во октомври 2018 година, а вториот во Етиопија во март оваа година. Вкупно загинаа 346 патници и членови на екипажите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот