Најголем удар врз економијата на Албанија во второто тримесечје

Гувернерот на централната банка на Албанија е оптимист дека нивото на долг повторно ќе се намали, доколку има добро фискално управување.

Централната банка на Албанија предвидува дека во второто тримесечие од годинава ќе има силен удар врз економијата, поради пандемијата со Ковид-19 и масовната изолација, најави гувернерот Гент Сејко кој додаде дека нејзино закрепнување се очекува во 2021 година.

– Албанската економија, како и во целиот свет, беше погодена од Ковид-19. Не само што побарувачката, туку и производството е погодено. Предвидуваме најсилниот удар врз албанската економија да биде во вториот квартал. Тој удар во третиот и четвртиот квартал на 2020 година ќе имаме економски пад не толку силен како во вториот квартал, но закрепнувањето ќе дојде во 2021 година, секако во случај да немаме враќање на коронавирусот и повторување на мерките за изолација, рече Сејко.

Во летниот период очекува да има релаксирано менаџирање и повторно отворање на економската активност. Туризмот, посочува, е еден од главните сегменти во Албанија и очекува од јуни да има постепено отворање.

Пред корона кризата јавниот долг на земјата бил 65 отсто од бруто домашниот производ и гувернерот предвидува негово зголемување, бидејќи Владата е принудена да се задолжи.

Сејко е оптимист дека нивото на долг повторно ќе се намали, доколку има добро фискално управување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот