Најголем удар во историјата на интернетот: Паднаа страниците на „Си-Ен-Ен“, „Би-Би-Си“, „Гардијан“

Пред еден час паднаа неколку водечки медиумски интернет страници, и иако повеќето сега повторно се достапни, некои сè уште не се достапни.

„Си-Ен-Ен“, „Би-Би-Си“, „Гардијан“, „Фајненшл Тајмс“, „Њујорк Тајмс“, „Индипендент“, „Спектатор“ и неколку други страници не можеа да се отворат откако беа соборени, а исто така беше соборена и веб-страницата на британската Влада.

Корисниците на „Редит“, „Твич“, „Амазон“, „Етсиа“, „Твитер“, „ПејПал“ и „Спотифај“ исто така пријавија проблеми.

Не е јасно што го предизвика прекинот, но, засега, постои сомневање дека грешката е во „Fastly“, провајдерот „CDN“ што ги штити наведените страници.

Претходно се сомневаше дека проблемот е во веб-услугата на „Амазон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот