Најголем раст од 2017 година: „Snapchat“ со 293 милиони корисници на ден

снепчет
Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Социјалната мрежа „Snapchat“ која се заснова фотографии и видеа со проширена реалност во 2021 година забележа зголемен интерес – дури 293 милиони корисници на ден.

Акциите на „Snap“, креаторите на Snapchat, се опоравуваат. Откако цената падна на многу ниски 5 долари, компанијата успеа да се крене на нозе со новите потези. Причината зад избегнатиот колапс беше, објаснува „Verge“, „неуспешниот редизајн што го забави развојот на апликацијата и збуни многу корисници“.

snapchat

Денес, ситуацијата е поинаква – „Snapchat“ бележи најбрз раст од 2017 година. Апликацијата, наводно, забележала 13 милиони нови корисници во текот на вториот финансиски квартал од 2021 година – 23 проценти повеќе од претходната година.

Ова значи дека „Snapchat“ го користат 293 милиони луѓе секој ден во споредба со минатата година. За споредба, „Twitter“ во вториот квартал на оваа година забележа 206 милиони дневни корисници. Приходите на „Snap“ исто така се зголемија за 116% на 982 милиони американски долари, што го прави побрз во развојот на работење од „Twitter“ или „Facebook“.

snapchat

Новите бројки потврдуваат уште една важна работа – големиот пораст докажува дека компанијата профитира за време на пандемијата, бидејќи луѓето поминуваат повеќе време пред компјутер и паметните телефони. Извршниот директор на „Snap“, Еван Шпигел, очекува уште да се зголемува бројот на корисници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот