Најголем ПЕСИМИЗАМ меѓу германските компании

Деловната доверба во Германија се влоши над очекувањата во август, „паѓајќи“ на најниско ниво од ноември 2012. година, покажаа резултатите од едно истражување.

Индексот на бизнис климата, кој го пресметува Економскиот институт „Ифо“ во Минхен, падна на 94,3 поени во август од највисоко ревидинарите 95,8 поени во јули, се вели во соопштението на Институтот „Ифо“.

Податоците за август, што укажуваат на петти последователен месец на опаѓање, се пониски од очекувањата на аналитичарите од 95,1 поен.

– Постојат сè повеќе индикатори за рецесија во Германија – рече претседателот на „Ифо“, Клименс Фуест.

Компаниите се помалку задоволни од тековната деловна состојба и нивниот песимизам се зголеми кога станува збор за наредните месеци, додаде Фуест.

– Последниот пат кога компаниите во индустријата покажаа ваков песимизам беше за време на кризата во 2009. година. Ниту една светлa точка не може да се види во ниту една од клучните индустрии на германската економија – рече претседателот на „Ифо“.

Германските извозници, кои многу зависат од извозот, се соочуваат со послаба странска побарувачка, тарифните спорови и несигурна деловна состојба поврзана со одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија.

Германската економија падна за 0,1 процент во април-јуни како резултат на падот на извозот, а германската централна банка (Бундесбанк) минатиот понеделник соопшти дека домашната економија ќе продолжи да оди надолу во текот на летото, бидејќи индустриското производство ќе се намали како резултат на недостаток на нарачки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот