Најголем пад на економијата во Швајцарија во последните 40 години

Земјата во која поради подобар стандард се селеа и граѓаните од најголемата европска економија, Германија, сега стравуваат од невработеност. Околу 1,9 милиони луѓе во Швајцарија, или 37 отсто од работната сила, побарале државна помош.

Швајцарската влада очекува пад на економијата годинава каков што не е забележан повеќе од 40 години. Сепак, проектираниот пад на БДП е значително помал за разлика од другите големи економии во Европа.

Во соопштение на владата се истакнува дека падот ќе биде помал од тоа што е проектирано и од тоа што првично се очекува и дека тој ќе изнесува 6,2 проценти.

Тоа пак претставува најголем пад од 1975 година кога земјата беше погодена од последиците на нафтената криза. Се очекува растот на стапката на невработеност да се движи околу 3,8 отсто поради проблемите со надворешната трговија, намалената лична потрошувачка, како и фактот дека компаниите дури сега почнубваат забавено да го нормализираат производството по запирање на работата во екот на пандемијата од Ковид – 19.

Владата во оваа земка очекува постепено опоравување на економијата во втората половина од годината, под услов да не биде затечена од втор бран со поголеми размери. Доколку не дојде до такво сценарио, во наредната година економијата би забележала раст од 4,9 отсто, но стапката на невработеност и понатаму би изнесувала околу 4,1 отсто, што пак за стандардите на Швајцарија е многу високо.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот