Најголем дневен пораст на случаи во Кина – со 42 заразени се кренаа на нозе

Кингдао, Шандонг, Кина / 12 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

Кина јавува за 42 нови случаи што е најголем дневен пораст на случаи во повеќе од два месеци.

До зголемен број на случаи доаѓа по ширењето на заразата во регионот на северозападен Синџијанг, јавуваат здравствените власти на таа земја.

Од овие случаи, 22 се асимптоматски, а сите се од Кашгар во регионот Синџијанг.

Дневниот раст на случаи е најголем откако уште во август се пријавени 44 случаи. Од регионот Кашгар порачуваат дека тестирањето на 4,75 милиони луѓе од регионот е завршено вчера, и дека е потврдено дека вкупно 183 се заразени.

Случаите се поврзуваат со една фабрика, иако уште не е целосно јасно како почнала инфекцијата.

Вкупниот број на потврдени случаи сега е на 85.868, а вкупно се забележани 4.634 смртни случаи од почетокот на епидемијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот