Најголем дел од Бугарите во Северна Македонија гласаа за ГЕРБ на Борисов

Фото: МИА

На вчерашното гласање на предвремените избори во Бугарија, најголем дел од регистрираните бугарски гласачи во Република Северна Македонија гласаат за ГЕРБ – 127, потоа за ВМРО-БНД – 91 глас, 69 гласови доби Продолжуваме со промената на Петков и Василев, додека 38 гласале за Демократска Бугарија, 30 за Преродба на Костадинов и најмалку, 22 гласа доби Има таков народ на Слави Трифонов.

Во седумте локации во РСМ гласале вкупно 461 лице, а најголем број – 172 гласале во бугарската амбасада во Скопје, објави БТА.

Најголем број на гласачи имало во Скопје (172), па следува Кавадарци (68), Струмица (67), Охрид (56), Битола (53), Прилеп (33) и во ново-отвореното гласачко место во Велес се пријавиле само 12 гласачи на изборите за Националното собрание на Република Бугарија.

Според податоците на Централната изборна комисија на Бугарија, со обработени 99,40 отсто од гласачките ливчиња, најмногу гласови на изборите доби коалицијата ГЕРБ-СДС со 25,37 отсто (632.097 гласови), коалицијата „Продолжуваме со промените” е на второто место со 20,21 отсто (503.549 гласови). На трето место е „Движење за права и слободи – ДПС” со 13,66 отсто (340.211 гласови), потоа партијата „Преродба” со 10,17 отсто (253.321 глас), а по неа е „БСП за Бугарија” со 9,32 отсто (232.101 глас).

„Демократска Бугарија – обединување” има 7,46 проценти (185.753 гласа) и „Бугарски подем” – 4,64 проценти (115.588 гласови).

„Има таков народ” доби поддршка од 3,83 отсто од гласачите (95.505 гласа).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот