Најегзотичното селфи на светот е направено во… вселената! (ФОТО)

Најегзотичното селфи на светот не е направено на „овој свет“, а за да биде тоа така се погрижи астронаутката од агенцијата НАСА, Џесика Мир, која денес со фановите на својот Твитер профил сподели две епски фотографии.

Џесика во јануари беше на две „прошетки“ низ вселената, а можеби нејзиното име ви е познато од првата самостојна женска прошетка во вселената, која се случи во октомври 2019.

View this post on Instagram

/ @instavesti.sp / За ПРВПАТ Во 61-годишната историја на #НАСА ? Утре ќе се изведе ПРВАТА прошетка во ВСЕЛЕНАТА на ЖЕНСКИ ЕКИПАЖ! ⚡️ ⁣ ⁣ ? Астронаутките Кристина Кох и Џесика Меир требаше да излезат од Меѓународната вселенска станица на 21 октомври, но нивната историска екскурзија беше поместена за три дена порано. Задачата на Кох и Меир ќе биде да го заменат уредот за полнење батерии, на кој се појавија проблеми оваа недела.⁣ ⁣ – Вселенската прошетка на Кох и Меир најрано ќе се случи в петок- напишаа вчера од Меѓународната вселенска станица на Твитер.⁣ ⁣ ? Според НАСА, прошетката би требало да трае околу пет и пол часа. Тие ќе заменат регулатор за енергија, кој беше во функција од 2000 година, но не се активираше откако неодамна беа ставени нови литиум-јонски батерии. ⁣ ⁣ ⚡️ Кетрин Саливен во 1984 година стана прва жена која излегла во вселенска прошетка и иако оттогаш тоа го направија уште 14 астронаутки, тие секогаш биле придружувани од машки колега.

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

Според она што Џесика го сподели на нејзиниот Твитер профил, двете фотографии се направени со помош на Nikon D5 апарат со 28-милиметарска леќа, но истата била во заштитна кутија.

Овие фотографии успеала да ги направи додека лебдела во космосот. На првата фотографија на стаклото од нејзиниот шлем рефлектрира Земјата, а на втората фотографија е нејзиниот одраз во соларната плоча на станицата – кое во овој случај служи како совршено „огледало“ за селфи.

Да се потсетиме и на првото селфи некогаш направено во космосот, од астронаутот Баз Алдрин во 1966 година:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот