Најдовски си заминува од Вардар, доаѓаат Петровиќ и Игески!

фото: fkvardar.mk

Како што информира „Вардар фанс“, си оди уште еден играч од редовите на Вардар, еден од најдобрите играчи, играчот кој оваа сезона требаше да биде лидер и капитен, Филип Најдовски за жал си заминува од клубот.

Со заминувањето на Најдовски, се отвора нова главоболка за тренерот Васоски на тенката одбранбена линија, „црвено-црните“ речиси и да немаат искусен дефанзивец пред голот на Илиќ.

Истиот извор вели дека две нови имиња доаѓаат во Вардар, станува збор за поранешниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ.

И најдобриот стрелец во лигата го напушти Вардар

Овој 30-годишен играч во својата фудбалска кариера има настапувано за екипите на Работнички, Победа и Тиквеш, а има и интернационално искуство со играње во екипите на Осијек, Сепси, Лариса и Сутјеска, кој му е и последен клуб.

Второто засилување е 28-годишниот чувар на мрежата Александар Игески кој минатата сезона го бранеше голот на Тиквеш и беше еден од најдобрите голмани во Втората лига.

Игески е искусен голман кој досега бил дел од екипите на 11 Октомври, Металург, Локомотива, Хоризонт Турново, Гостивар и Осогово.

Вардар ја стартуваше новата сезона во Првата лига со пораз дома од Борец (0:1), а во наредната рунда ќе игра на гости кај Академија Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот