Почина најдолго заразениот Британец со коронавирусот: Џејсон Келк по четиринаесет месечна борба решил да го прекине лекувањето

Profimedia
Profimedia

Човекот за кој се веруваше дека е најдолго заразениот британски пациент со коронавирус починал откако решил да прекине со лекувањето, по 14 месеци поминати во болница. Џејсон Келк бил примен во болницата Сент Џејмс во Лидс откако во март минатата година се заразил со коронавирус. Починал минатиот петок, откако решил да го прекине лекувањето.

Неговата сопруга Сју Келк рекла дека Келк, кој работел како наставник по информатика во основно училиште, „починал во мир“.

Дефинитивно му беше важно да го направи тоа под негови услови. Луѓето можеби не мислат дека беше храбар. Мислам дека најхраброто нешто што некогаш можеше да го направи е да одлучи дека повеќе не сака да живее така – рекла Сју. Минатиот месец таа стравувала дека нејзиниот сопруг „се откажал“ откако му се влошила состојбата и дека почнал да доживува „напади на несвестици“.

Келк, кој имал дијабетес и астма, бил пренесен на интензивна нега во април лани и таму останал повеќе од 14 месеци. Вирусот му ги оштетил белите дробови и бубрезите, а страдал и од сериозни проблеми со желудникот, што значело дека мора да се храни интравенски.

Во претходниот период од оваа година, се чинело дека закрепнува, почнал да се движи и да дише без респиратор и 24-часовен филтер за бубрези. Во март, рекол дека се надева дека ќе се врати дома, но, во мај неговата состојба се влошила. Морале да го вратат на респиратор, а потоа добил уште две инфекции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот