Најдолгата мисија досега: Кина ќе формира своја вселенска станица

Кинеските астронаути/ Фото EPA-EFE/LIU HUAIYU CHINA OUT

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути, меѓу кои и една жена. Тие ќе бидат во вселената 6 месеци, што е најдолгиот временски период што еден кинески тим на астронаути го поминува во вселената. 

Ракетата била лансирана од Џиукуан во северозападна Кина во 00:23 часот по локално време. Астронаутите ќе ги тестираат клучните технологии потребни за составување на новата вселенска станица и ќе спроведат голем број важни експерименти, пренесува Ројтерс. 

Кина, на која американскиот закон не и дозволува да соработува со НАСА и со тоа да слета на Меѓународната вселенска станица (ИСС), ја помина последната деценија развивајќи технологии за изградба на сопствена вселенска станица.  

Кинеската ракета/ Фото EPA-EFE/YANG GE CHINA OUT

Кога Меѓународната вселенска станица ќе се повлече за неколку години, кинеската вселенска станица ќе стане единствената во орбитата на Земјата.  

Повлекувањето на ИСС е планирано за 2024 година, но НАСА најави можно продолжување до 2028 година.  

Ова е петта мисија од 11 (со екипаж и без екипаж) што ќе биде потребна вкупно за изградба на кинеската вселенска станица, која треба да заврши до крајот на 2022 година.  

Именуван како Тиангонг („Небесна палата“), по големина ќе биде сличен на поранешната советска станица Мир и се планира да трае најмалку 10 години. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот