Најдолг далновод на најголема длабочина: Израел, Кипар и Грција ќе се поврзаат со кабел долг 1.500 км. на 2.700 метри во Медитеранот

Кипар, Грција и Израел потпишаа прелиминарен договор за изградба на најдолгиот и најдлабокиот подводен далновод, кој ќе биде поставен на дното на Средоземното Море. Кабелот ќе ги поврзе електричните мрежи на трите земји. Проектот е вреден 900 милиони долари.

Проектот наречен Евроазиски интерконектор ќе обезбеди резервен извор на енергија во случај на катастрофа, информираше израелскиот министер за енергетика Јувал Штајниц, кој престојува во Никозија заради потпишување меморандум за разбирање со неговите колеги од Грција и Кипар.

Според Кипар, проектот е клучен чекор што ќе стави крај на енергетската изолација на островот.

Кабелот ќе има капацитет од 1.000-2.000 MW и се очекува да биде завршен до 2024 година, објасни израелското Министерство за енергетика. Кабелот ќе биде долг 1.500 километри и ќе биде поставен на максимална длабочина од 2.700 метри, што го прави најдолгиот електропровод, поставен на најголема длабочина.

Првата фаза се очекува да започне во 2025 година. Кабелот ќе опфати три дела во Медитеранот: 310 км. меѓу Израел и Кипар, 900 км. меѓу Кипар и Крит и 310 км. помеѓу Крит и континентална Грција.

Грчката компанија за електрична енергија ИПТО започна со изградба на делницата од Крит до копното, а се очекува да заврши до 2023 година.

Европската унија го признава кабелот како проект од заеднички интерес, што значи дека е подготвена да обезбеди финансирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот