Најдоброто од модната недела во Париз: За помалку од 10 минути креиран фустан на телото на Бела Хадид

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Бела Хадид прошета на Коперниевата ревија за пролет 2023 година на модната недела во Париз во фустан кој беше креиран со спреј на самата модна писта. Манекенката се појави на модната писта облечена само во гаќички, додека со рака ги покриваше голите гради.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)


На пистата застанаа и тројца артисти кои ѝ го покрија телото со бела боја и ѝ направија фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonie Hanne (@leoniehanne)

Потоа, друга артистка ја среди формата на фустанот – креирајќи прерамки, како и шлиц. На крај, 25-годишниот модел зачекори по пистата со белиот тесен фустан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот