Најдобро претставување досега: Голем навивач на Арсенал потпиша за Тотенхем по што мораше да ги избрише сите пораки на Твитер (ВИДЕО)

twitter/Tottenham Hotspur

Мет Доерти е нов фудбалер Тотенхем откако неговиот сега веќе поранешен тим Вулверхемптон ја прифати понудата тешка 15 милиони фунти (16.8 милиони евра).

Доерти во последните три сезони постигна 15 гола за Вулверхемптон со што стана најдобар стрелец помеѓу дефанзивците.
На Доерти не му пречеше што направи трансфер во Тотенхем иако е голем навивач на лутиот ривал Арсенал, но пред да потпише мораше да направи уште нешто.

Имено, Доерти е снимен пред својот лаптоп на кој го наоѓа својот твит од 2012 година во кој напиша „Го сакам Арсенал сега и засекогаш“, а потоа го избриша.

Потоа го покажа својот нов дрес, на Тотенхем, со што ги воодушеви фановите на овој тим.

View this post on Instagram

*Delete* ? #WelcomeDoherty

A post shared by Tottenham Hotspur (@spursofficial) on

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот