Најдобро е Погба да си замине од Јунајтед!?

EPA-EFE/PETER POWELL

Медиумите во Англија повикувајќи се на сигурни извори од тимот, објавија дека неколку играчи на „црвените ѓаволи” веруваат дека напуштањето на 26-годишниот Французин ќе има позитивно влијание врз клубот.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е подготвен да се раздели со францускиот репрезентативец со цел добивање на пари за зајакнување на составот.

Погба минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 16 гола и оствари 11 асистенции. Неговиот договор истекува летото 2021 година.

Вредноста на Погба на фудбалскиот пазар се проценува на 100 милиони евра.

Претходно објавивме дека има и можност да остане еден од најдобрите играчи на „црвените ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот