Најдобрите тенисери и тенисерки играа за настраданите од пожарите во Австралија (ВИДЕО)

твитер

Егзибицијата се одржа на стадионот „Род Лејвер“ во Мелбурн, а целиот приход од четири милиони австралиски долари е наменет за помош на погодените од пожарите кои беснеат во Австралија.

Најдобрите светски тенисери и тенисерки како Серена Вилијамс, Рожер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Ник Кирјос, Петра Квитова, Каролина Вознијацки и останатите имаа егзибција на „Род Лејвер“ стадионот.

Пожарникарите кои беа присутни на стадионот во Мелбурн парк добија овации, а еден од нив му се приклучи на Надал на теренот.


– Среќен сум што Рожер, Рафа, Новак и останатите великани се тука и што помогнаа. Работиме се што можеме за да го надминеме ова сите заедно – изјави Ник Кирјос, кој беше иницијатор за оваа егзибиција.


Екипите во дубл ги предводеа Серена Вилијамс и Каролина Вознијацки. Во тимот на Серена се најдоа Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тим и Петра Квитова, додека на спротивната страна се најдоа Коко Гоф, Александер Зверев, Стефанос Циципас и Наоми Осака.


Ник Кирјос и Рожер Федерер потоа одиграа меѓусебен синг дуел во кој победи Швајцарецот со 7:6 со што ја потврди победата на тимот на Серена.


Освен што собраа четири милиони австралиски долари, голем број на тенисери најавија дополнителни донации за секој ас сервис додека настапуваат на сите турнири во Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот