Најдобрите се собраа во Лондон, славата ја „украде“ Ѓоковиќ! (ФОТО+ВИДЕО)

Два дена пред стартот на турнирот во Лондон, учесниците се дружеа, се возеа со брод по Темза и уживаа.

Заедничко фотографирање, дружење, позитивна атмосфера меѓу најдобрите осум тенисери пред завршната битка за 2019 година.

Најголем број на коментари на социјалните мрежи предизвика сликата во која се наоѓа Ѓоковиќ со Циципас и Зверев.

Луѓето погодуваа за што зборуваат кога Ноле направи еднo „незгодно“ позирање, како да се оправда.

На завршниот АТП турнир во Лондон во групата „Бјерн Борг“ ќе играат Ѓоковиќ, Беретини, Тим и Федерер, а во групата „Андре Агаси“ се Надал, Медведев, Циципас и Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот