Најдобрите македонски тенисери стартуваа со две победи во Дејвис купот

Ова лето во Скопје сè ќе биде во духот на тенисот/Фото: mtftennis.mk

На терените на Тенискиот Клуб „Југ“ – Скопје се одржува Светското Тениско Првенство, Дејвис Куп – Европска група 4.

После пауза од 1О години, оганизацијата на овој турнир е доверена на Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ). Турнирот е во реализација на ТФСМ-Скопе, а е под покровителство на Светската Тениска Федерација- ИТФ.

Во рамки на Дејвис Куп Европска Група 4, учествуваат тенисери од вкупно девет држави:
Црна Гора (105 ранг), Македонија (111 ранг), Ерменија (116 ранг), Сан Марино (121 ранг), Албанија (126 ранг), Косово (127 ранг), Андора (130 ранг), Молдавија (133 ранг) и Азербејџан (134 ранг).

Во составот на нашиот национален „Цевитана Дејвис Куп“ тим се следните репрезентативци: Горазд Србљак, Калин Ивановски, Обрад Марковски, Стефан Мицов, Чедомир Јовановски – капитен и Владимир Томиќ – асистент на капитенот.

Нашата селекција триумфираше во првиот меч против Косово максимално со 3:0. Калин Ивановски не му препушти ниту еден гем на Ганит Бајралиу, а убедливи беа и Горазд Србљак против Фреск Сулхаси (6:1, 6:0) и во двојки Ивановски и Стефан Мицов двапати со 6:1 против Мелдин Мустафи и Мухамед Зуќи.

Во вториот дуел нашите најдобри тенисери славеа и против Андора (3:0). Ивановски го совлада Демијен Гелаберт двапати со 6:2, Србљак беше подобар од Ерик Сервос Ногер (6:0, 6:1) и во двојки Мицов и Обрад Марковски со 6:1 и 6:1 против Жорди Кланшет Триља и Гелаберт.

Моментно во групата „Б“ со два бода води Македонија, пред Молдавија и Сан Марино кои имаат по еден, Андора и Косово се без бодови.

Во четврток следен ривал на нашата репрезентација е Сан Марино кој започна со триумф од 3:0 против Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот