Најдобрите македонски ракометари триумфираа во првиот контролен меч против Црна Гора

фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Како дел од подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во јануари во Полска и Шведска, денеска македонската сениорска репрезентација славеше против Црна Гора со 38:33.

За нашата репрезентација најрасположен за голови беше Дејан Манасков кој 10 пати се запиша во листата на стрелците.

Филип Талески, Игор Ѓоргиев и Гоце Георгиевски запишаа по пет погодоци.

На спротивната страна Стефан Вујовиќ постигна осум голови, а по пет имаа Филип Вујовиќ и Милош Божовиќ.

Овие две селекции ќе одиграат уште еден контролен меч во Маврово в среда со почеток од 14.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот