Најдобрите македонски одбојкарки вторпат поразени во Европската сребрена лига

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Денеска во својот втор натпревар од групата „А“ во Европската сребрена лига македонската женска одбојкарска сениорска репрезентација загуби од Летонија со 0:3.

Првиот сет во СЦ „Борис Трајковски“ донесе најголема неизвесност, одбојкарките на селекторот Стефан Пауновиќ еднаш водеа минимално на стартот од мечот со 4:3, потоа трипати доаѓаа до израмнување (7:7, 8:8, 9:9).

Резултатски нашите најдобри одбојкарки се држеа до негатива од 18:19, а потоа следуваше низа од пет поени на противникот за 18:23. Успеа македонската селекција да стигне повторно до минимална негатива (23:24), но Летонките не дозволија целосен пресврт и поведоа со 0:1 во сетови.

Добро го започнавме вториот сет стекнувајќи највисоки „плус три“ позитива (6:3). Следуваше голем пад во нашата игра ѓтп беше казнето од Летонија која направи серија од 8:1 за водство од 7:11. Гостинските одбојкарки успешно ја одржуваа својата предност која постепено растеше, а највисоката изнесуваше на крајот од вториот сет (18:25).

Во третиот сет го имавме само почетното водство од 1:0, по што започна нова доминација на Летонките кои се одвоија на 2:6. Немаа сили македонските одбојкарки повторно слично како во првиот сет да бидат во егал, противникот стигна и до двоцифрена позитива од 11:21 што ги реши сите дилеми околу победникот.

Естонија по втората победа во натпреварувањето над Австрија со 3:0 се првопласирани со шест бодови. Летонките и Австријките имаат по три, а Македонија е последна без бодови. Избраничките на селекторот Пауновиќ следниот меч ќе го имаат повторно во Скопје на 3 јуни против Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот