Најдобрите македонски кошаркари напредуваа на светската ранг-листа на ФИБА

македонска кошаркарска репрезентација
Двапати бевме поразени во февруари од Грузија/Фото: kfsm.mk

Машката сениорска репрезентација го зазема 29. место во европскиот рејтинг, а 52 во вкупниот светски кошаркарски поредок.

Со освоени 197,4 поени, Македонија е рангирана на 29 место на европската рејтинг листа на ФИБА. А во исто време, нашата најдобра селекција се наоѓа на 52. позиција во вкупниот светски поредок на Светската кошаркарска ефдерација.

Тоа значи дена „црвено-жолтите“ направија еден чекор понапред во вкупниот рејтинг кој го креира ФИБА во тековната календарска 2021 година.

Новата година нашите противници во „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп 2023 ја дочекуваат на доста повисоки позиции. Моментно грузија, со која ќе се соочиме во февруари во квалификациите за Светскиот куп, се наоѓа на 38. место во светот, а на 19. место кога се класифицираат европските национални репрезентации во машка конкуренција.

Украина е на 32. место во светот на кошарката, а на 16. во европската зона на ФИБА, додека пак Шпанија е веднаш зад неприкосновените Американци.

„Црвената фурија“ има 724,1 поени, и после двете победи во нашата квалификаиска група, заостанува уште помалку во однос на водечкиот САД кој 2021 година ја затвора со 763,3 освоени ппени на светската ранг-листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот