Најдобриот стрелец оваа сезона останува во Металург

фото: рк металург

Црногорецот кој игра на позицијата лево крило, потпиша нов едногодишен договор со „сино-белите“ од Автокоманда.

Црногорскиот репрезентативец Милан Поповиќ, кој игра на левокрилната позиција, ја продолжи соработката, пренесува РК Металург на клупскиот сајт.

Поповиќ во тимот од Автокоманда дојде минатата година од Пелистер, а оваа сезона до прекинот беше најдобар стрелец во дресот на „сино-белите“, со 81 постигнат гол во 17 одиграни кола.

Поповиќ потпиша едногодишен договор и им се приклучи на Даниел Дупјачанец и на Милан Лазаревски, кои тоа го направија претходно.

Покрај Поповиќ, Дупјачанец и Лазаревски, кои ги продолжија истекнатите договори, клубот претходно се засили со Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот