Најдобриот стрелец во македонската лига има понуда од Турција

Мартин Мирчевски моментно е на првото место на листата најдобри стрелци сезонава во Првата македонска лига со 16 постигнати голови.
Мирчевски (24) ги брани боите на екипата на ФК Академија Пандев која е второпласирана во шампионатот со седум бода помалку од водечкиот Шкупи.
Денеска турските медиуми информираат дека нисколигашот Маниса која има проблеми со ефикасноста, па во Македонецот го гледаат решението.
Се шпекулира дека фудбалерот кој има важечки договор до 2023 година со Академија Пандев, сака да ја продолжи кариерата во Турција.
Преговорите наводно започнале и можно е наскоро Мирчевски да направи нов трансфер во странство. Претходно ги бранеше боите на Вардар, Беласица, Трепча 89 (Косово), Победа и Пелистер.
Видео на денот