Најдобриот странски тим во историјата на Премиер лигата! (ФОТО)

фото: твитер

Нападот го пополнуваат фантастичниот играч на Манчестер сити, Аргентинецот Агуеро и француската легенда на Арсенал, Тјери Анри.

Во 28 години постоење на Премиер лигата настапувале многу играчи од странство и дефинитивно не е лесен изборот да се одвојат најдобрите 11 фудбалери во историјата.

Кога Серхио Агуеро постигна хет-трик во победата на Манчестер сити (6:1) против Астон Вила во текот на изминатиот викенд, се промовираше во најдобриот странски стрелец во историјата на Премиер лигата.

фото: thesun.co.uk

„Сан“ го избра најдобриот странски состав на сите времиња во Премиер лигата, играчи кои не се од Англија.

На голманската позиција е легендарниот Данец Питер Шмајхел, во одбраната се Виржил ван Дајк, холандскиот дефанзивец на Ливерпул, потоа Србинот Немања Видиќ кој имаше значајна улога кај Фергусон, како и Белгиецот Винсен Компани како долгогодишен капитен на Манчестер сити.

Во средниот ред се Французинот Патрик Вјера, кој своевремено блескаше во Арсенал, потоа Шпанецот Давид Силва кој и натаму е член на Сити, па португалската ѕвезда Кристијано Роналдо за кој не треба да се трошат зборови, француската легенда на Јунајтед, Ерик Кантона, и Белгиецот Еден Азар кој беше фантастичен во дресот на Челзи.

Нападот го пополнуваат аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро и уште една француска легенда, екс играчот на Арсенал, Тјери Анри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот