Најдобриот момент од петтата епизода на „Последниот танц“, интервјуто со Брајант пред трагедијата

Од моментот кога петтата епизода на „Последниот танц“ започна со зборовите „во сеќавање на Коби Брајант“ гледачите знаеја дека наредните минути ќе донесат многу емоции.

Документарниот филм посветен на Мајкл Џордан и шампионската генерација на Чикаго булс, предизвика лавина реакции, колку беа позитивни, толку беа и негативни и создаваа простор за големи полемики по нив.

Но, петтата епизода ги остави сите тие работи и полемики на страна бидејќи воведните минути од „Последниот танц“ се најдобри досега – Мајкл Џордан и останатите ѕвезди од Источната конференција во 1998 година зборуваат за младиот Коби Брајант.

НБА ѕвездите се смееја на лошата изведба на Брајант против Јута џез во плејофот во 1997 година, кога имаше четири„бунари“, разговараа за неговата желба да ја презеде контролата на натпреварот и се шегуваа дека не сакаат младиот 19-годишен кошаркар да го стават на „постер“ со некое атрактивно забивање преку него. За разлика од нив, Џордан го проучуваше младиот кошаркар на ЛА Лејкерс.

На крајот, учителот и ученикот се сретнаа еден против друг на ол стар натпреварот 1998 година. Брајант зборува за Џордан како за постар брат, додека Џордан со солзи во очите во јавното обраќање го споменува Брајант како својот помлад брат.

Меѓутоа, најочекуван момент во петтата од планираните 10 епизоди беше интервјуто со Коби Брајант кое беше направено пред да загине во трагичната хеликоптерска несреќа на 26 јануари годинава.

Петтата епизода на „Последниот танц“ започна со пораката за Брајант „ин мемориам“, а прерасна во меѓусебен дуел на Џордан и Брајант на ол стар натпреварот.
„Ќе го направам овој натпревар дуел еден на еден… Да сум негов соиграч, не би му ја додал топката“, зборувал Џордан на ол стар натпреварот во 1998 година.

Брајант во интервјуто открива што му кажал Мајкл Џордан по завршувањето на натпреварот: „Доколку ти треба нешто од мене, јави ми се. Тој е како мој постар брат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот