Најдобриот играч во Серија А доаѓа од Јуве, но не е Роналдо!

epaselect epa08567986 Juventus? Cristiano Ronaldo jubilates after scoring the goal (1-0) during the italian Serie A soccer match Juventus FC vs UC Sampdoria at the Allianz stadium in Turin, Italy, 26 July 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Италијанската фудбалска лига објави дека најкорисен играч (МВП) во минатата сезона е играчот на Јувентус, Пауло Дибала.

Напаѓачот на „Старата дама“ ја доби наградата со 14 голови и 12 асистенции на 38 натпревари што ги играше во домашното натпреварување.

Самиот избор на Серија А е направен според официјалната статистика, се вклучуваат сите натпревари во првенството, Купот и Суперкупот.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија кој одлучи да игра за Шведска, Дејан Кулушевски кој досега ги бранеше боите на Парма како позајмица од Јувентус, го доби признанието за најдобар фудбалер до 23 години.

Најдобар голман: Војчех Шчесни (Јувентус)
Најдобар дефанзивец: Стефан де Вриј (Интер)
Најдобар играч од средниот ред: Алехандро Гомез (Аталанта)
Најдобар напаѓач: Чиро Имобиле (Лацио)
Најдобар играч до 23 години: Дејан Кулушевски (Парма)
Најдобар играч: Пауло Дибала (Јувентус)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот