Најдобриот хотел за истражување на Њујорк (ФОТО)

Фото Архива на СП

Сместен во прекрасна градба во стилот Beaux Arts, „The Benjamin Hotel“ помина низ процес на реновирање во изминатите неколку години и сега е едно од најдобрите места кои можат да ви бидат почетна точка за истражување на Менхетен.

Легендарниот американски архитект, Емери Рот, го конструираше овој хотел во 1927 година, со своите познати елементи, вклучувајќи ги готските прозори, кои сеуште се присутни, мамејќи погледи и воздишки.

Вметнат во мирно катче, малку подалеку од буката и гужвата во Менхетен, овој хотел ви ветува мирен сон во текот на вечерта, што донекаде е раритет на таква локација. Сепак, тој е неверојатно блиску до иконскиот Тајмс Сквер, музејот на модерна уметност, Петтата Авенија и бродвејските театри.

Со 29 ката, овој луксузен хотел во понудата има 209 соби, а секоја од нив има мала кујна, сета неопходна технологија од 21от век, мермерни бањи и минибар исполнет со одбрани гурмански закуски. Исто така, морате да знаете дека секоја соба е опремена со посебен Benjamin Bed кревет, кој го креирал експерт за спиење.

Кога ќе почувствувате глас, посетете го National ресторанот, кој е модерен и ви нуди уживање во европски стил. Покрај тоа, Benjamin Hotel нуди теретана која е секогаш отворена и прекрасен салон, деловен центар и лежерна ложа.

Дали ви е потребно уште нешто?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот