Најдобрата природна маска за брз раст на косата

Лукот е богат со сулфур кој меѓу останатото е познат и како минерал на убавината.

Иако копривата кај нај е најпознатото природно средство за нега на слабата коса и проблематичниот скалп, маската од лук има многу повеќе предности бидејќи сулфурот го поттикнува производството на колаген и кератин, протеини кои се многу важни за изградба на здрави нокти и коса.

За жал, поради денешното консумирање на индустриски процесуирана храна, производство на овошје и зеленчук на тло осиромашено со минерали, на повеќето од нас во исхраната па со тоа и во организмот хронично им недостасува овој важен минерал. Како што го поттикнува растот на косата, сулфурот исто така овозможува и нормална функција речиси на сите ткива во телото.

Се препорачува лукот да се воведе во секојдневната исхрана, а оваа маска ќе направи чудо…

Подготовка на маската од лук

Потребно е да го олупите лукот (цела главица), да го исецкате на четири парчиња и да го изблендирате во блендер или да го обработите во соковник. Сокот од лукот да го процедите низ газа или некоја друга памучна крпа па да го нанесете на скалпот. Маската најдобро е да ја држите еден час и потоа косата да ја измиете со благ шампон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот