Најдобрата македонска тенисерка елиминирана во првото коло на турнирот во Љубљана

Фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во првата рунда на ВТА 125 Челинџер турнирот во Љубљана се игра за награден фонд од 100.000 евра. Таа во првото коло за ривалка ја имаше осмата носителка Полина Кудерметова од Русија.

21-годишната руска тенисерка Кудерметова, која се наоѓа на 164-то место на ВТА листата го доби мечот со 2-0 во сетови (6:1 6:2) за еден час игра. За настап во првото коло на турнири од оваа категорија се добива еден поен.

Инаку, Ѓорческа ќе продолжи со настапите на турнирот бидејќи во конкуренција на двојки е пријавена да игра со Џил Тајхман од Швајцарија. Тие во првото коло ќе играат против третите носителки сестрите Надја и Марина Колб од Украина.

Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап на турнир во Пазарџик, Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот