НАЈДОБРАТА И НАЈЛОШАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО 10 ГОДИНИ: Само една особено се истакнува

Последните десет години ги обележаа една неверојатно непостојана инвестиција, која се одделува од сите други во периодот – Биткоинот. Поточно, според извештајот на Американската банка за хартии од вредност (BofA), доколку сте инвестирале еден долар во Биткоин пред една деценија, сега ќе имате неверојатни 90.000 американски долари.

Вредноста на Биткоинот во моментов е околу 7.000 долари. Пред две години оваа валута беше на својот врв кога вредеше скоро 20.000 долари. Но, на самиот почеток од своето постоење, во 2010, еден Биткоин вредеше само дел од пени.

Биткоинот се уште е многу шпекулативна инвестиција, но неговата вредност се зголеми бидејќи се профилира како најпопуларна и широко најприфатена дигитална валута.

Сè повеќе трговци на мало го прифаќаат Биткоинот, а неколку инвестициски компании и менувачници го тргуваат, што помогна да се направи легитимен.

Најавата дека Фејсбук ќе пласира своја дигитална валута – „Либра“, исто така охрабри многу инвеститори да ги приватат криптовалутите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот