Најдобар европски филм е „Фаворитката“

Филмот „Фаворитката“ на Јоргос Лантимос е најдобар европски филм за 2019 година. Овој филм освои уште неколку награди, меѓу кои и за најдобра режија, најдобра комедија, а актерката Оливија Колман и за најдобра актерка на церемонијата што се одржа синоќа во Берлин. „Фаворитката“ е еден од најнаградуваните филмови во историјата на овие европски признанија.

Филмот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов беше номиниран за најдобар документарен филм на Европските филмски награди. Наградата во оваа категорија ја доби филмот „За Сaма“. „Буњуел и лавиринтот на желки“ во режија на Салватор Симон освои награда за најдобар анимиран филм.

За најдобар актер е прогласен Антонио Бандерас за филмот на Педро Алмодовар, „Болка и слава“. А најдобра актерка – Оливија Колман, за „Фаворитката“. Филмот на Лантимос беше прогласен и за најдобра комедија.

Прочитајте и...  Америка во канџите на короната - трет ден рекорден број на новозаболени лица (ФОТО)

Режисерите на ТВ-серијата „Бабилон Берлин“ добија награда за придонес во играни серии.
Откритие на годината – награда што ја доделува ФИПРЕСЦИ ја доби „Клетници“ на режисерот Лаџ Ли.
Награда за остварување во светскиот филм ја доби актерката Жилиет Бинош. Режисерката Клер Дени со кого таа има соработувано и ја врачи.

– Им се обраќам на сите актери. Ве молам, внимателно изберете си ги филмовите што ги работите оти вие правите разлика. Ние мораме да се движиме и да правиме промени – рече Бинош.

Награда за придонес во светскиот филм доби и германскиот режисер Вернер Херцог. На интересен начин, со оперска арија му беше предадена наградата, а Вим Вендерс, претседателот на ЕФА со песна и со топол емотивен говор му ја врачи наградата на својот идол.

Прочитајте и...  Јанушев: Раст на пензиите од 20% и раст на плати од 25% за еден мандат (ВИДЕО)

Херцог нагласи дека европската солидарност направила многу мали земји да станат видливи во филмот. Исто таака истакна дека без разлика колку проблеми има Европската Унија, таа има проект за мир на кој треба да сме горди.

Наградата „Избор на публиката“ ја доби Павел Павликовски за филмот „Студена војна“. Церемонијата на доделување на Европските филмски награди се одржува во Берлин секоја втора година.

Прочитај повеќе

Во Албанија расте бројот на заразени со Ковид-19

Слободен печат

Шахпаска: Не молчете кога е ваш ред да зборувате, секој глас е одлука (ВИДЕО)

Слободен печат

Чулев ги поздрави Турците на турски јазик (ВИДЕО)

Слободен печат

Мицкоски: Цениме дека имавме успешна кампања (ВИДЕО)

Слободен печат

Николовски: За ВМРО-ДПМНЕ зборот враќање постои единствено за враќање на Груевски и обнова на режим

Слободен печат

Илон Маск пред Ворен Бафет, го зазема седмо место на листата на милијардери на „Блумберг”

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Царовска: Време е за 50:50, за силни жени кои што рамноправно учествуваат во создавање на силно општество

Слободен печат

Димитров и Царовска возеа велосипеди низ Скопје: Возиме сите напред кон ЕУ, таму каде што припаѓаме (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Заев: Не смееме да дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создаваме овие три години (ВИДЕО)

Слободен печат

Андреевски: Непотизам на дело, таткото и синот Мицкоски преку Машински факултет наплатиле илјадници евра од проекти од државната ЕЛЕМ

Слободен печат

Николовски тврди дека семејството Заеви се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави

Слободен печат

Спасовски: Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат