Најдлабоката рецесија во САД најверојатно ќе трае најкратко

Иако американската економија очекува најголем пад уште од Големата депресија, многу веројатно е дека оваа рецесија ќе биде и најкратка во американската историја.

Дека најголемата светска економија е во рецесија во понеделникот и официјално потврди Националното биро за економски истражувања, институција која е задолжена за одредување на моментот кога започнала и кога завршила рецесијата во САД.

– Одборот смета дека пандемијата од корона вирусот и одговорот за зачувување на јавното здравје резултираа со пад на различните керактеристики и динамика во однос на претходните рецесии, се вели во соопштението на оваа институција.

Наспроти ваквите резултати, Одборот заклучува дека поради „невидениот пад на вработеноста и произвидството, како и неговиот широк опфат во целото општество оваа епизода се смета за рецесија, дури и доколку се покаже дека ќе биде најкратка рецесија во споредба со претходните економски падови.

Одборот во соопштението порачува дека во февруари дошло до „јасен врв на месечните економски активности„, додека врвот на тримесечните активности бил регистриран во последниот квартал во 2019 година.

За рецесија вообичаено се смета пад на економијата два квартали по ред, но тоа не е секогаш случај, а во САД се смета институтот рецесијата ја одредува службено.

Бруто – домашниот производ на САД во првиот квартал падна за 4,8 отсто и веројатно и во вториот квартал ќе го забележи најлошиот пад во историјата, односно можеби ќе изнесува над 20 отсто.

Со ова рецесијата го означи крајот на најдолгиот период на раст на американската економија во историјата, кој траеше 128 месеци или речиси 11 години.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот