Најденов е новото зимско засилување на Академија Пандев

фото: фејсбук

28-годишниот Најденов доаѓа како слободен играч, а претходно во својата кариера има настапувано за екипите на Хоризонт Турново, Работнички, Естегал, Љачи.

Бојан Најденов е најново зимско засилување за Академија Пандев пред стартот на пролетниот дел од сезоната и дополнително искуство во средниот ред.

28-годишниот Најденов доаѓа како слободен играч, а претходно во својата кариера има настапувано за екипите на Хоризонт Турново, Работнички, Естегал, Љачи.

„Пандевци“ веќе ги стартуваа подготовките за вториот дел од првенството, првиот дел се одработува во Струмица, а на 24. јануари ќе замине за Анталија (Турција) каде до 7 февруари ќе се продолжи со вториот дел од припремите и се најавени шест контролни натпревари.

Тимот го напуштија Марко Рајковиќ, Марио Маслаќ и Давид Денковски, а како нови играчи беа доведени уште Ангел Гранчов и Ндуе Мујеци.

Исто така 16-годишниот Мартин Талаков кој е член на пионерската екипа на Академија Пандев и У17 македонски репрезентативец го потпиша првиот професионален договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот